Европејците нема да плаќаат роаминг во земјите од ЕУ

1142 Views Декември 15, 2016 Бенчмарк Камелија Делија

Европската комисија презентираше нов предлог со кој би се спречило плаќањето на дополнителните трошоци за мобилен роаминг во земјите на Европската унија.

Европејците од средината на идната година ќе можат да ја користат мрежата на домашниот телекомуникацоски оператор без никакви дополнителни трошоци, без оглед на тоа каде се наоѓаат и колку време минуваат надвор од својата земја.

Меѓутоа, оваа одлука со себе носи и одредени услови кои корисниците ќе мораат да ги почитуваат, како што е користење на СИМ картичка од државата „од која доаѓаат или со која имаат стабилна врска“, иако се уште не е јасно што подразбира Европската комисија под „стабилни врски”.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!