Голем ќар за акционерите од Грција: Стопанска банка ќе подели дивиденда од 45 милиони евра

1027 Views Декември 16, 2016 Бизнис Никола Осило

Собранието на акционери на Стопанска банка АД - Скопје (СБ) одобрува исплата на дивиденда за обични акции во вкупен бруто износ од 2.776.168.620,00 денари или околу 45 милиони евра, соопшти Банката преку Македонската берза.

Бруто дивидендата по акција изнесува 159 денари. Датум на евиденција, според кој се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда, односно датум на пресек на акционерската книга е 29.12.2016 година.

Последен ден на тргување со право на дивиденда е 26.12.2016. 5. Прв ден на тргување без право на дивиденда ќе биде 27.12.2016.

Исплата на дивиденда ќе отпочне на 29.12.2016 година.

Инаку, мнозински сопственик на Стопанска банка е Националната банка на Грција.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!