Студија: Кои се најголемите загадувачи на воздухот во Скопје

Загревањето од домаќинствата во Скопје и Скопскиот регион, го загадува воздухот со 32 проценти, односно за 12 отсто повеќе од сообраќајот, покажуваат податоците изработени од Финскиот институт за метеорологија, Австриската агенција за животна средина по барање на Градот Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање, кои денеска беа објавени на презентацијата на планот „Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух на подрачјето на Скопскиот регионирани“.

Прашината, според податоците, создадена од неуредените површини, уличната прашина и прашината од градежните активности е трет по ред загадувач со 19 отсто.

Следуваат индустријата со 18 проценти, сулфатсоли 7 отсто, нитратни соли два процента и исто толку прекуграничен пренос на загадувачки супстанции.

 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови