(Фото) Европски градови каде најубаво може да се доживее божиќната магија

2724 Views Декември 18, 2016 Прошетај се Камелија Делија

Мирис на варено вино, цимет, колачи, традиционални јадења. Празниците во европските градови се чувствуваат во воздухот и во амбиентот на плоштадите. Со доаѓањето на декември и студените денови, европските градови своето есенско руво го менуваат во божиќно.

Еве кои се најпопуларните европски градови кои секоја година за новогодишните и божиќните празници привлекуваат најмногу внимание:

Виена
Виена e меѓу првите градови во Европа што ги вклучи новогодишните сијалички, а нивниот божиќен саем трае до Бадник. Традиционалниот Christkindlmarkt нуди за секого по нешто, од уживање во традиционалните божиќни колачи, мирис на цимет кој се шири низ градските улици до незаборавното варено вино.

Местото е идеално и за најмалите каде што можат да научат како да прават колачи или традиционални божиќни украси. Своите желби можете да им ги кажете да младите Австријки кои во улога на Баба Мразици поминуваат кај децата, им раскажуваат приказни и слушаат какви подароци посакуваат.

Будимпешта
И оваа година еден од најпопуларните саеми во Европа ги отвора своите врати во срцето на Будимпешта. Плоштадот Воросматри се претвора во вистинско божиќно село. Дрвените штандови нудат домашни сепцијалитети како слатко тесто, а дома можат да се однесат бомбони кои се ставаат на божиќна елка.

Салцбург
Божиќниот саем во Салзбург своите корени ги влече од 15 век и се уште не ја изгубил својата привлечност. Романтичното опкружување, мирисот на варено вино, рачно изработените украси и традиционални колачи ги привлекуваат посетителите од цела Европа.

Традиционалниот саем се одржува на двата плоштада Домплац и Ресиденплац и е отворен цел декекмври. Освен зашеќерените бадеми, сите посетителите можат да уживаат во варено вино.

Рим
За време на празниците сите патишта водат кон Рим односно на плоштадот „Пјаца Навона“, кој посетителите ги мами со традиционални колачи полнети со кандирано овошје. Додека шетате меѓу штандовите и избирате некој новогодишен подарок загрејте се со фино варено вино. За тоа време, меѓу вас ќе шета Дедо Мраз и добрата вешетерка Бафена која дели подароци.

Грац
Иако голема конкуренција има во Виена, сепак Грац со години привлекува посетители од цела Европа. На главниот плоштад посетителите ќе можат да уживаат во музичката програма или пак да се лизгаат на лизгалиштето. Сите божиќни саеми можат да се посетат со божиќно вовче.

Братислава
Од година во година Братислава станува една од најпопуларнте дестинации за Нова Година и Божиќ. На традиционалниот саем има поставено 107 штандови, а најголемо внимание привлекуваат локши или палачинки со компири, вареното вино, хриато или ракија како и пржено свинско со кромид и сенф.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!