Историјата на Superbrands

Првите чекори на Superbrands се направени во 1994 во Обиденото Кралство. Организацијата започнува како емисија за BBC Radio Лондон чија цел е давање совети на потрошувачите и бизнисите за значајноста на брендови во државата и пошироко.

Емисијата евентуално стекнува голема популарност во Лондон, и за брзо време се шири низ цела Велика Британија. Влијанието на емисијата се должи на професионалноста и искреноста на советите и насоките кои се комуницираат со јавноста за нивните омилени брендови.

Таа креира одреден тренд каде што луѓето сакаат подетално да се запознаат со компаниите и производите кои ги користат. За многу кратко време ваквото размислување експоненцијално се развива и евентуално се креира Superbrands.

Со цел да се зголеми трендот и да се потенцира транспарентноста на брендовите и компаниите во 1995 година официјално се формира организацијата Superbrands. Нејзината мисија е да ги утврди основите на секој квалитетен бренд преку идентификување и одавање на почит на исклучителните брендови.

За само неколку години Superbrands прераснува во глобален авторитет, во гаранција за успешноста, квалитетот и исклучителноста на брендовите низ светот.

Првите брендови кои се објавуваат во Superbrands изданието ги вклучуваат култните интернационални икони како American Express, Coca – Cola и британските фаворити како British Airways и Cadbury. Изложувањето на работата на големите компании и омилените “локални“ организации продолжува до денешен ден.

По првата книга следните две изданија, во 1996 и 1997 година, значително се зголемуваат во тираж и добиваат култен општествен статус.

Ваквата популарност овозможила првата интернационална Superbrands програма се лансира на темелите на исклучителна доверба и квалитет во Австралија. Човекот кој го создал концептот на Superbrands и кој ја основал интернационалната организација бил Стивен Смит.

Десет години по првата публикација 16% од брендовите кои биле објавени во првата година повторно се објавуваат и во јубилејното 10 годишно издание на Superbrands.
 
Меѓународниот раст започнува од 2000 година и организацијата се проширува во Данска, Франција, Хонг Конг, Шпанија, САД, Аргентина, Канада, Германија, Јапонија и Јужна Африка. На Балканот Superbrands започнува од Словенија и Хрватска во 2006 година и последователно се раширува во Босна и Херцеговина и Македонија.

Од 2009 година Superbrands е водечки фактор во препознавање на значајноста на македонските брендови и компании. Со присуство во повеќе од 86 држави низ светот оваа организација е клучна за секоја “локална“ компанија да прерасне во водечки бренд низ целиот свет.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови