Личност на годината на еМагазин: Фатиме Фетаи

45184 Views Декември 21, 2016 Наша тема Петре Димитров

Една од најчитаните вести на еМагазин во годината која изминува и која предизвика лавина од реакции беше нашата првоаприлска шега дека обвинителката Фатиме Фетаи си заминува од Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Тогаш навистина сфативме колку македонските граѓани ја почитуваат и сакаат Фетаи.

Истражувањата на јавното мислење покажуваат се поголема подршка на работата на СЈО.



Како котира Фетаи до сега не е истражувано, но нема дилема дека доколку се направи такво истражување таа ќе котира многу високо.

Зошто Фатиме Фетаи?

Еден од најчестите зборови кои ги слушавме во 2016 година беше зборот „правда„, кој многу често се користеше токму во контекст на Фетаи, која во неколку наврати порача дека правдата ќе го стигне секој што се огрешил пред законот.



Таа е млада, амбициозна, професионална, оргинална, посветена на работа... или со една реченица таа е се што македонскиот граѓанин очекува од еден обвинител кој треба да се бори за правдата.

Освен што во текот на годината доби големо внимание од медиумите, Фетаи е без конкуренција и најголемата ѕвезда на социјалните мрежи, чија моќ веќе никој не ја потценува.



Која е Фетаи? 

Според нејзината биографија таа има 31 години и е родена во гостиварското село Неготино.

Дипломирала на Правниот факултет во Скопје, каде потоа има и магистрирано.

Кариерата ја започнала во Апелациониот Суд во Гостивар, каде неколку години работи како стручен соработник.

На оваа позиција останува до 2011 година, кога е избрана за обвинителка во Обвинителство во Скопје.

Таму работи до крајот на минатата година, кога станува дел од тимот на Катица Јанева.

Минатата година Личност на година на еМагазин беше Ленче Здравкин, а претходните две години, беа Розе Мојсовска и Томе Кириази.

Насловна илустрација: Фејсбук/Александар/Фото: МИА/Академик

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Петре Димитров

Професионален дипломиран новинар со долгогодишно искуство. Најмногу сака да патува и да прави возбудливи репортажи, но за да јавноста биде објективно информирана следи и бизнис и политика.