Тешко за печалба: Кој е најскапиот град за живеење на странски работници

947 Views Декември 22, 2016 Беспарица Камелија Делија

Лондон го претрка Хонг Конг како најскапиот град за живеење на странски службеници. Ова станува јасно од новиот извештај на компанијата за недвижности Savills.

Британската престолнина е на чело на листата за прв пат последниве пет години. Трошоците за живот и работа во Лондон се зголемија за речиси 40% од 2008 година, се наведува во извештајот.

Од 12. најскапи градови, само Рио де Жанеиро и Сиднеј имаат поголем раст на трошоците за периодот – 86 отсто и 58 отсто соодветно.

Во меѓувреме да живееш и работиш во Токио веќе не е толку скапо. Трошоците за живот во јапонската престолнина оваа година се скоро 23 отсто пониски во однос на 2008.

 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!

Најчитани вести