Ловен туризам или нечовечка крволочност: За застрел на младо од срна наплаќаат 150 евра

6432 Views Декември 24, 2016 Наша тема Редакција Емагазин

Вносен бизнис или нечовечка крволочност е дилемата што се наметнува кога ќе се видат услугите што ги нуди јавното претпријатие „Македонски шуми“.

еМагазин ги разгледа детално услугите, а меѓу нив е и застрел на младо од срна, за што според ценовникот објавен на веб-сајтот на претпријатието се наплаќаат 150 евра. 

ЈП "Македонски шуми" стопанисува со 8 ловишта, со вкупна површина од 101.758 хектари каде, како што се вели на веб-сајтот, во оптимални услови се одгледуваат, размножуваат, заштитуваат и ловат обични елени, елени лопатари, срни, муфлони, дивокози, диви свињи, а слегувајки во низинските делови, по течението на реките се среќаваат разни видови на пердувест дивеч (еребици, грлици, потполошки, фазани) и голем број на зајаци, пишува на веб-сјатот на претрпијатието. 

„Терените се со најразлични релјефни форми, богати со проточна вода и различни типови на шуми. Поврзани се со пристапни патишта и опремени со ловнотехнички објекти, а во некои ловишта и ловечки куќи со понуда на пансион.

Во ловиштата можете да користите повеќе видови на услуги како: теренско возило, коњ, водичка служба, терачи на дивеч, куче, изнајмување на оружје и муниција или пак да го разгледувате ловиштето од ловечки чеки и снимате со камера“, велат во претпријатието. 

Повеќе детали за цените што ги наплаќа претријатието ТУКА 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови