Стопанска банка Скопје не поседува документи за сопственост на имотот

6106 Views Декември 24, 2016 Наша тема Редакција Емагазин

Градежните објекти на Стопанска банка Скопје на 31 декември 2015 година вклучуваат имот со нето сметководствена вредност од 28.699.000 денари (2014: 39.658.000 денари) за кој Банката не поседува соодветни документи за сопственост што се должи на некомплетна катастарска евиденција, се вели во финансискиот извештај на Банката за минатата година.

еМагазин неодамна пишуваше дека полека истекува рокот до кој Грчката национална банка би требало да се ослбоди од своите удели во банките во странство.

Имено, грчки „Катимерини“ пред извесен период објави дека грчката Национална банка до 2018 година мора да го продаде својот удел во банки во странство, вклучително и во Македонија каде е доминантен сопственик на Стопанска банка АД Скопје.

„Катимирени“ се повика на нацрт план на Европската комисија за реструктуирање на грчкиот банкарски сектор.

Неодамна пак Ројтерс објави дека белгиската банка КБЦ и унгарската ОТП банка дале понуди за купување на Обединета Бугарска банка (УББ), подружница на Национална банка во Грција (НБГ), цитирајќи извори од банкарскиот сектор.

Една од првите работи при евентуална продажба на една компанија е токму проценката на имот кој го поседува.

Стопанска банка успешно ќе одговори на сите предизвици и при евентуална продажба

„Значаен дел од договорот со Европската Унија се однесува и на рекапитализацијата на банкарскиот сектор и прилагодување на плановите за реструктуирање на банките. Ова покрај другото, подразбира и активности за намалување на трошоците, но и продажба на одредени подружници (особено тие што не остваруваат добивка) со што ќе се рационализира оперативното работење на банките и ќе се поддржи идниот нивен учинок„, одговорија од Стопанска банка на прашањето на еМагазин за можната продажба на Банката следната година.

“Како резултат на ваквите активности, капиталната база на нашата матична банка (НБГ) ќе биде значително зајакната што ќе придонесе за отворање на нови перспективи за членките на групацијата и позитивно ќе се одрази не само за Грција, туку и за регионалните економиии.

Во целиот изминат период, сите одлуки кои НБГ ги носела за Стопанска банка биле со цел да се зајакне и поттикне присутството, но и перформансот на Банката на домашниот пазар, по што покажани се исклучително добри резултати и Банката е во својата најдобра фаза досега.

Оттука, сите идни одлуки поврзани со Стопанска банка ќе мора да се разгледуваат во овој контекст.

Длабоко сме уверени дека иднината на Банката ќе биде повеќе од добра и дека Банката успешно ќе одговори на сите предизвици како и до сега, задржувајќи ја својата важна улога која со децении ја има во економијата и преку своите перформанси ќе обезбеди уште подобри резултати и вредности за своите акционери и сите останати учесници (заинтересирани страни)“, велат од Банката.

ПРОЧИТАЈТЕ ЈА И ОВАА СТОРИЈА

Националната банка на Грција ја продава својата подружница во Бугарија, на ред Стопанска банка - Скопје?

Голем ќар за акционерите од Грција: Стопанска банка ќе подели дивиденда од 45 милиони евра 

Ќе донесе ли Нова година продажба на две големи банки во Македонија?

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови