Садо-мазо шоу и еротски масажи во Скопје се нудат за цена од 2.000 до 5.000 денари

5216 Views Декември 24, 2016 18+ Никола Осило

Во Македонија се уште е табу јавно да се зборува за различните сексуални желби и потреби иако е сосем нормално луѓето да имаат различни начини за задоволување на своите страсти.

Повеќето македонски граѓани воопшто не знаат дека среде Скопје може да добијат еротска масажа или да доживеат садо-мазо шоу.

Истражувањето на еМагазин покажува дека освен неколку салони за масажа во Скопје, но и во други градови низ земјава (кои овие услуги ги нудат дискретно), вакви услуги нуди „Валијант“, првиот секс шоп во земјава. Во „Валијант“ ги нудат услугите на нивата Домино дама.

„Во играта каде што болката преминува во страст осетете го нејзиниот камшик по вашиот грб. Научете да бидете послушни, бидејќи во спротивно најстрого ќе бидете казнети“, пишува на веб-сајтот на „Валијант“.

Ваквото шоу трае 60 мининути и чини 5.000 денари. Во „Валијант“ предупредуваат дека сексуални односи со господарката не се дозволени.

Исто така во „Валијант“ се нудат еротски масажи во траење од 45 минути во дискретен пријатен еротски амбиент и егзотичен танц со свеќи и арома терапи. Цената за поединец е 2.000 денари, а за пар 3.000 денари.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!