(ВИДЕО) Во Франција отворен првиот соларен пат во светот, Македонија се уште крпи улици

18138 Views Декември 25, 2016 Чиста околина Никола Осило

Технологијата за искористување на соларната енергија напредува со забрзано темпо, а најдобар доказ за тоа е што во малото гратче Tourouvre-au-Perche во Нормандија, Франција беше отворен првиот соларен пат во светот.

Патот е долг околу еден километар и се очекува дека ќе се користи од страна на околу 2.000  возачи во текот на тест-период од две години, за да се види колку електрична енергија може да произведе.

Проектот е финансиран од Министерството за животна средина на Франција, а е остварен и изграден од инженерската фирма „Colas“.

Патот ќе генерира доволно енергија за да се напојуваат сите улични светилки во градот, или околу 767 киловат/часови дневно, 280 мегават/часови годишно.

И додека во Франција се ободуваат да извлечат енергија од секојдневниот сообраќај, во голем дел од Македонија се уште се вози по макадам односно земјени патишта и калдрма, а автопатиштата не го заслужуваат името, бидејќи наликуваат на локални патчиња полни со дупки и испакнатини. 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!