(Фото) Кои дестинации не треба да ги посетите во 2017 година

1748 Views Декември 26, 2016 Прошетај се Камелија Делија

Никој не сака лоши патувања. Од дестинации во кои сè е во реконструкција, до оние кои се под вирусна закана, ова се местата кои е подобро да се избегнуваат во 2017 година.

Под закана: Големиот корален гребен

Поради климатските промени свежите бои на Големиот корален гребен почнуваат да посивуваат - последица на умирање на коралите. Туристите не се ограничени за посета, бидејќи последиците од нив се релативно мали, но сепак е пожелно местото да остане настрана од патувањата, за да го зачуваме.

Одете до: остров Атауро

Овој остров е совршена дестинација за секој кој го сака морскиот живот. Тука ќе наидете на исклучително богата подводна разновидност, флора и фауна.

Под закана од вирус: Мајами Бич

Дали знаетешто може да ви го расипе одморот? Зика. Од сите проблеми за време на патување губење на багаж чини најмалку што може да ви го расипе расположението, ако се заразите со вирис.

И иако Мајами е тешко да биде прескокнат, пожелно е да се избегнува оваа дестинација во 2017 година

Посетете го : Кеј Вест

Кога ќе ја посетите најзападната точка на Флорида, ќе имате корист од сите бенефити на одмор на Карибите - прекрасни плажи, атмосфера, барови и забава, Арт Деко архитектура.

Под центарот на вниманието: Тајм Сквер

За да го доживеете вистински Њујорк, не може да го направите тоа без Тајм Скуер. И ако локалните жители го избегнуваат колку што може, повеќето луѓе тука се туристи. Продавници за сувенири, селфи стапчиња, скари, улични музичари се дел од вкупната атмосфера тука.

Наместо тоа одете во Бруклин

Ако сакате да видите нешто различно од Њујорк, поминете го мостот на Менхетен и посетете го Бруклин. Тука ве очекува улична уметност, гурманските храна, мјузикли и незаборавни искуства.

Под облаците: Њу Делхи

Убавиот хаос на Њу Делхи заслужено го става во листата за посети. Во 2016 година, сепак, голем облак на смог се спушти над градот и причини сериозно загадување на воздухот. Во некои денови видливоста тука е само неколку метри.

Наместо тоа одете во: Бангладор

Додека Њу Делхи работи, за да ја подобри ситуацијата, погледне на југ кон Бангладор. Таму ќе најдете пријателски расположени луѓе, одлични минипивоварни, многубројни места за јадење и убаво време.

Бангалор е зелен град со импресивни храмови и водопади, а во блиската шума може да набљудувате лавови и тигри.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!

Најчитани вести