“Повардарие“ пред стечај, лозарите утре на протест

471 Views Декември 27, 2016 Вино Камелија Делија

Лозарите во среда ќе го блокираат Основен суд Велес. Ваква најава стигна од регионалниот сојуз „Агротиквешија“. Како што најави претседателот Љупчо Аризанов, се одлучиле на ваков чекор, бидејќи за во среда било закажано рочиште за отворање стечајна постапка за винарската визба „Повардарие“, објави Дума.

Аризанов е дециден, со блокада ќе се обидат за момент да го одложат стечајот, бидејќи лозарите имаат побарување од неготинската визба од над 5 милиони евра за предадено грозје.

„Имаме информација дека по барање на Царинската управа е закажано рочиште на кое треба да се отвори стечај за „Повардарие“. Тоа не е во ред, бидејќи визбата годинава откупи 31 милион килограми грозје и со долгот од минатата година им должи на лозарите над 5 милиони евра. Затоа се одлучивме во среда да го блокираме судот во Велес“, рече Аризанов.

Извор: Дума

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!

Најчитани вести