Тепачка во аптеките: Маските против загадениот воздух – најбаран новогодишен подарок

Загадениот воздух ја зголеми побарувачката на заштитни маски низ аптеките и продавниците кои се специјализирани за нивна продажба. Нивната цена се движи од 200 до 899 денари, а најмногу се бараат тие со јаглен кои го прочистуваат воздхот и ги задржуваат ПМ10-честичките, пишува Мета.

– Маските се со јаглен и чинат 899 денари, но во моментов немаме величини М и С, туку само Л. Има голем интерес за нив и затоа бргу се трошат. Досега неколкупати набавуваме, но ги потрошивме. Чекаме следна пратка – велат од една од аптеките на „Зегин“.

Маски со величина М и С нема во ниту една од аптеките на „Зегин“ во Скопје, а големина Л може да се најде само во неколку од нив.

Дека побарувачката за маски е зголемена, за Мета потврдуваат и од аптеките на „Еурофарм“, каде што маските чинат 200 денари и се за неколкукратна употреба.

На социјалните мрежи, исто така, можат да се забележат зголемен број огласи на кои се нуди не само продажба на маски туку и прочистувачи на воздухот во просториите, но и боци со кислород.

Граѓаните, освен по аптеките и во специјализираните продавници, маските ги набавуваат и од платформата за интернет-продажба „Али експрес“, каде што чинат 10 долари и се со различни дезени и бои.

Вчера градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, одржа состанок со градоначалниците од Скопскиот плански регион на кои беа предложени мерки за да се реши проблемот со загадувањето на воздухот во Скопје.

Мета

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!