Каков имот поседува Агим Нухиу, новиот прв човек на МВР

10978 Views Декември 28, 2016 Наша тема Редакција Емагазин

Како што веќе пишуваше еМагазин, со објавувањето на конечните резултати од изборите од страна на Државната изборна комисија, според договорот од Пржино, за прв пат на чело на Министерството за внатрешни работи ќе застане Албанец, кандидат на ДУИ, актуелниот заменик министер во оваа министерство Агим Нухиу.

Тој ќе биде на таа позиција до составувањето на новата влада.

еМагазин, провери, каков имот пријавил Нухиу.

Во имотниот лист кој го доставил до Државната комисија за спречување на корупција, на име на родителите, Нухиу пријавил куќа во Слатино, Теарце од 180 метри квадратни, вредна 6.150.000 денари и земјоделско земјиште од 6.000 метри квадратно, исто во Слатино, вредно 922.500 денари.

Лично поседува две возила Опел, вредни 180.000 и 39.000 денари, а на имот на родителите пријавил и Голф 4, вреден 246.000 денари.

На име на родителите пријавил и пензија од 22 илјади денари, на име на брат плата од 24.400 денари, а на свое име хонорар од 30 илјади денари.

На име на родителите пријавил и денарска заштеда од 360 илјади денари.

Фото: МВР

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Кој е Агим Нухиу, првиот Албанец што ќе го води МВР

Прв пат во историјата на Македонија: Албанец на чело на МВР

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови