(Фото) Уникатните близначки од Естонија промоторки на Виз Ер Скопски маратон

538 Views Декември 28, 2016 Спорт Редакција Емагазин

Оваа година  промотoрки на Виз Ер Скопскиот маратон ќе  бидат трите сестри близначки од Естонија, Леила, Лина и Лили кои  учествуваа на маратонската трка на Олимписките игри во Рио.

Интересен факт е што нивните најдобрите лични постигнувања на маратон (Леила: 2:37.11, Лина: 2:39.42 и Лили: 2:40.30) кореспондираат со редоследот по кој се родени.

Освен како атлетичарки, тие се и професионални хип-хоп танчерки и уметнички. Леила и Лили сликаат портрети, пејзажи, цветови и лебеди инспирирани од нивното презиме кое на Естонски значи “лебед“.



Тие прв пат започнале со трчање на 24 годишна возраст и се првите три сестри во историјата кои некогаш учествувале на Олимписки игри.

Од почетокот на нивната кариера сестрите отсекогаш тренирале заедно и претставуваат синоним за тимскиот дух кој постои помеѓу нив иако секоја од нив се труди да ја надмине едната, другата, или третата.

Нивниот тимски дух ќе може да се воочи и на  Виз Ер Скопскиот Маратон во Мај.

Веќе неколку месеци како што започна пријавувањето за Виз Ер Скопскиот маратон кој ќе се одржи на 7 Мај 2017 година. Во моментот тече вториот рок за пријавување кој трае до 31 јануари 2017 година, а потоа цената се зголемува.



До сега се пријавени околу 500 учесници од 24 земји во светот. Ако се земе во предвид дека минатата година во текот на истиот период се пријавија 250 учесници, следниот маратон може да е најмасовниот до сега кој се одржал во Македонија.

Маратонот експоненцијално прераснува во натпреварување од глобален размер. Големиот број на учесници значително ја подобрува конкурентноста помеѓу натпреварувачите што има значајно влијание врз припремата на домашните учесници и последователно го зајакнува спортскиот дух во Македонија.

Како и секоја година, маратонот (42км), полумаратонот (21км) и трката од 5 километри се суштинскиот белег на Виз Ер Скопски маратон. Штафетниот маратон останува значајна алка во градењето на тимскиот дух помеѓу учесниците кој изобилува со позитивна енергија.

Пријавувањето и регистрацијата за Виз Ер Скопскиот Маратон 2017 ќе може да се изврши преку официјалната веб страна на Виз Ер Скопскиот Маратон http://skopskimaraton.com.mk/ и преку партнерот за онлајн регистрација на Виз Ер Скопскиот Маратон, www.smartrace.club.

Во сезоната на подарување организаторот препорачува интересна идеја за сите оние кои имаат дилема при изборот на новогодишниот подарок за најблиските, колегите, партнерите и слично. Пријавувањето на претстојниот маратон и плаќањето на котизацијата за оние кои ги сакаме, може да претставува одличен погодок и вистински чекор во изградувањето на здрави навики.

Повеќе информации можат да се најдат на:

 http://skopskimaraton.com.mk/ и https://www.facebook.com/skopskimaraton/

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови