Климите го прочистуваат воздухот

Климите се апарат кој се почесто станува клучен елемент во секој дом. Таа најчесто се користи за ладење на домот во текот на жешките летни денови, но постојат бројни други придобивки од климите кои ја надминуваат потребата само за ладење или загревање на домот.

Климите функционираат на многу едноставен начин. Нивната цел е да ја преместат топлината од домот и да ја извадат надвор, на отворено. Тие ја разладуваат просторијата така што го влечат топлиот воздух и го вовлекуваат надворешниот воздух кој притоа го ладат и го дуваат внатре.



Воздухот се лади така што циркулира низ неколку ладни цевки кои се наоѓаат внатре во уредот. Тие цевки се полни со специјална течност која долго време ја задржува ниската температура, слично како во фрижидерите.

Овој процес на функционирање најголемиот број на клима уреди го искористуваат и во прочистување на воздухот. Научниците кои се занимаваат со истражување на воздухот и неговата структура во атмосферата имаат докажано дека во затворена просторија еден кубик воздух се вдишува и издишува 1.000 пати.

Тоа значи дека воздухот во една просторија може да е многу загаден, посебно во зима кога има многу вируси и грип. Поради тоа во климите се вградуваат филтри кои го прочистуваат воздухот. Тие се одлични во уништување бактериите, вирусите и другите опасни материи кои ги има во воздухот.

Климите не само што го прочистуваат воздухот кој го влечат од надвор туку и го вадат внатрешниот воздух кој најчесто е контаминиран и нечист. Повеќето произведувачи во своите уреди вградуваат филтри кои се антисептични и уништуваат над 99% од нечистотиите во воздухот.

Затоа е многу значајно да се користат климите за време на зимските денови, посебно кога владеат сезоните на вируси и болести.

Во модерно време кога се повеќе луѓе почнуваат да живеат во големите градови воздухот се повеќе се загадува. Како се зголемува популацијата на еден град така се зголемува и транспортот во истиот кој додатно го загадува надворешниот воздух. Како заштита од ваквото урбано загадување и како превентива за вирусната сезона една од најдобрите алатки за заштита и превенција од болести се клима уредите.

Тие го прочистуваат воздухот кој се наоѓа во просторијата и внесуваат чист незагаден воздух.Постојат очигледни бенефиции од користењето на клима уредите, но има и ризици кои можат уште повеќе да наштетат на здравјето.

Еден од најголемите ризици е кога долго време не се чистат филтрите на клима уредот. Поради тоа тој кондензира и креира совршена средина за непријатни бактерии и вируси додатно да се развијат во самиот клима уред.

Клучен фактор за избегнување на овој ризик е редовното чистење на филтерот кој се наоѓа во клима уредот. Доколку се оддели доволно време за одржување на климата истата претставува сериозен бенефит за здравјето во сечиј дом.

Еден производител изобилува со палета на квалитетни клима уреди кои покрај очигледните здравствени придобивки има и бројни други карактеристики кои ги прават очигледен избор за сите потрошувачи. Климите на Vivax имаат одличен дизајн и некои од нив може да се управуваат со помош на апликација инсталирана на мобилниот уред.

За повеќе информации може да ја посетите официјалната Фејсбук страна на Vivax Македонија: https://www.facebook.com/VivaxMacedonia/?fref=ts

 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови