Скопје допрва ќе се гуши: Постојан пораст на бројот на автомобили во главниот град

2786 Views Декември 29, 2016 Чиста околина Никола Осило

Речиси секоја година во зимските месеци граѓаните на Скопје го вклучуваат алармот против загадувањето во главниот град и вообичаено надлежните предлагаат ад-хок мерки кои ниту делумно не го решаваат овој проблем.

Сообраќајот, покрај загревањето на дрва е детреминиран како еден од главните причинители за загадувањето.

Најновата анализа на Државниот завод за ревизија за успешноста на мерките за подобрување на сообраќајиот метеж во Скопје открива дека граѓаните на главниот град допрва ќе бидат изложени на зголемено загадување од сообраќајот.

Имено, во периодот 2007-2015 година бројот на регистрирани патнички автомобили во Скопје се зголемил од 105.898 на 149.787, што е пораст од речиси 45.000 возила.

За да се добие прогноза за бројот на патнички автомобили и степенот на моторизација во постоечкиот главен урбанистички план на град Скопје 2012-2022 е направена проценка за бројот на жители во скопскиот регион до 2030 година со годишна стапка на пораст од 0,56 отсто, која е определена врз база на статистички податоци за демографскиот пораст во периодот 2002-2009 година публикувани од Државниот завод за статистика.

Според прогнозите, бројот на регистрирани патнички автомобили ќе се зголеми за 47 отсто, а степенот на моторизација ќе се зголеми од од 231 на 304 патнички автомобили на 1.000 жители, што е зголемување за 31 отсто.

Година                         прогноза за број на регистрирани автомобили

2010                                                   139.543

2015                                                   154.536

2030                                                   205.240

фото:Вечер

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!