Како да го заштитите домот од крадци за време на празниците

937 Views Декември 29, 2016 Беспарица Камелија Делија

Сте ја вложиле својата душа, надежи и многу пари во претворањето на една куќа во свој дом. Последното нешто што сакате е некој да влезе во неа и да ја ограби. Особено по празниците. Ова се неколку совети како да го заштитите својот дом додека не сте дома.

Влезната врата
Вашата врата е првото нешто на што крадцитеобрнуваат внимание. Постојат знаци кои покажуваат дали таа е лесна цел или не. Една чиста и добро одржувана врата создава впечаток дека целиот дом е тежок за пенетрација.

Една брава
Крадците обично проверуваат какви брави користите. Врата со една брава е доста лесна цел, отколку таква со неколку или пак со катанец.

Ѓубре
Внимавајте што фрлате. Кутии и кутиите од новите подароци покрај празниците се јасен сигнал за крадците дека има нешто вредно кај вас. Посветете посебно внимание на кутиите од телевизори, компјутери, итн

Темни места пред домот
Крадците не сакаат да се изложуваат непотребно на ризик. Затоа треба да им се создаде бариера од светлина околу домот. Користете сензор за движење, кој доловува секое едно прелетување и на врапче. Посветете посебно внимание на најризичните зони - предната и задната врата.

Размислете добро за зоната околу куќата
Ако живеете во куќа, треба да се има предвид дека грмушките не само се убави, но и исто така претставуваат пречка, кога крадците сакаат да влезат преку прозорците.

Изберете ги оние со боцки. Обрнете внимание и на дрвјата кои растат премногу блиску до прозорците на куќата.

Сандаче
Купиштата писма и флаери значат дека не сте во градот. Тоа е директно е покана за крадците. Ако отсуствувате долго, замолете доверлив сосед дави ја зема поштата.

Видливост
Не сакате крадците да имаат јасна видливост кон внатрешноста на куќата, нели? Тогаш ставете ролетни, завеси за да неможат крадците да погледнат внатре. Советуваме вечерно време да оставате некоја сијаличка да свети, за да може да создава чувство дека домот не е празен.

Празна куќа
Ако крадците мислат дека куќата е празна, тоа ќе ги натера да влезат. Ако имате намера да отсуствува долго, можете да го користите електронски тајмери, со помош на кои да се намести ставање на светлата, ТВ, радио, итн за одреден час од денот.

Непостоечки алармен систем
За таа цел треба да се инвестира пари. Крадците не сакаат кога постои веројатност алармот да се вклучи додека тие поминуваат низ влезната врата.
 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!