Ибрахим Ибрахими ја презеде функцијата министер за труд и социјална политика

Од денескa, согласно со член 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Владата на Република Македонија од јули 2016 година, заменикот министер во Министерството за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими ја презема надлежноста, односно ја врши функцијата министер за труд и социјална политика.

Ибрахими е роден во Гостивар 1967 година и е дипломиран економист.  Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје, а во моментов е на постипломски студии по сметоководство и ревизија, како и на постипломески студии по политички науки на Универзитет на Југоисточна Европа воТетово.

На  29.7.2011 година избран е за заменик министер за труд и социјална политика, a од 2008 до 2011 ја извршува функцијата заменик министер во Министерството за правда. Во периодот од 2007-2008 работи како  советник во Министерство за труд и социјална политика.

Од 2004 до 2006 бил проект менаџер во Европски центар за Малцински прашања, а во периодот од 2001 до 2004 програмски координатор на проект Ромаверзитас во Фондацијата Институт Отворено Општество Македонија. Во периодот 2000-2001 година е шеф на сметководство во Фатина – Гостивар.

Автор е на брошурата "Практичен водич за невладини организации за ДДВ",  како и на извештајот на Советот на Европа "Вработувањето и социјалните бенефиции за Ромите во Македонија" (2002), на извештајот на Советот на Европа "Вработување, развојни политики и имплементација".

Говори англиски, турски, албански јазик, француски јазик (пасивно) и српски јазик.

Фото: МТСП

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови