Граѓаните потпишуваат петиција за чист воздух

Движењето „За чист воздух” отвори петиција за собирање потписи ( www.zacistvozduh.com) со цел да се спротивстави на игнорантскиот став на надлежните кон воздухот кој го дишат граѓаните на Република Македонија.

 Испровоцирани од фактот дека приоритетите на надлежните се насочени кон политичките кампањи и начинот на кој треба да дојдат на власт, несвесни за тоа дека доколку ги нема граѓаните ја губат и поддршката во сите сфери на нивното функционирање.
 
“Состојбата со нечистиот воздух во државата, од ден на ден станува сѐ поалармантна.Всушност веќе го достигна врвот на неодложување на овој проблем. Секој ден сме сведоци на сѐ поголем број болни деца од респираторни болести, a смртните случаи не се исклучок, за жал. Но градските власти како да имаат поголеми приоритети од тоа да им обезбедат здрав живот на своите сограѓани и на нивните деца”, велат од движењето.
 
Постојаноста на сериозното загадување на воздухот и отворените јавни повици да се преземе нешто не вроди со плод. Затоа граѓаните, кои си го сакаат животот и сакаат да дишат  чист воздух, ја создадоа оваа петиција како последна шанса за себе и за своите деца, со цел да ја извојуваат, како што велат од движењето, институционалната битка за почист воздух, да создадат поквалитетен живот и да ја намалат смртноста од аерозагадувањето.
 
“Апелираме до Владата, да се откријат деталите за причините за загадувањето, со констатација дека Министерството за животна средина и просторно планирање сеуште нема излезено со веродостојни податоци околу причинителите на аерозагадувањето. Без овие информации ветувањата од страна на надлежните  дека проблемот ќе биде решен, најверојатно нема да ја доживеат својата реализација.Ги молиме сите граѓани заедно да ги преземеме потребните мерки додека не е доцна. Секоја минута е важна!” додаваат од таму.
 
Петицијата можете да ја потпишете на следниот линк  www.zacistvozduh.com

 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

Најчитани вести