Каков имот пријавил новиот министер Ибрахим Ибрахими

Поранешниот заменик министер во Министерството за труд и социјална политика, Ибрахим Ибрахими, согласно договорот од Прижно е новиот министер во оваа министерство.

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист доставен до Државната комисија за спречување на корупцијата.

Според анкетниот лист, Ибрахими пријавил заеднички имот-куќа вредна 6 милиони денари од 98 метри квадратни во Гостивар, од 1975 година, стекната со наследство.



На свое име пријавил стан во Гостивар, вреден 4 милиони денари од 94 метри квдратни, купен во 2007 година.

Пријавил и два кредити. Едниот од 2008 година, во износ од 1,5 милиони денари, а другиот од 360 илјади денари од минатата година.

Не дал податок, на чие име се овие два кредити.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.