(ФОТО) 10 настани кои ја одбележаа 2016 година во Македонија

3392 Views Декември 30, 2016 Наша тема Редакција Емагазин

Годината што изминува беше прилично турбулентна, како на политички така и на економски план. 

Но, како да не беа доволни политичките и економските настани, македонските граѓани не останаа поштедени и од природни појави како поплави и земјотреси.

Имајќи предвид колку стресови претрпевме, сакаме и побрзо да ја испратиме оваа година.

Еве го изборот на еМагазин за 10 настани кои ја одбележаа Македонија во 2016 година.

1.Работата на Специјалното јавно обвинителство и предметите кои ги презентираше во јавноста, беа следени со големо внимание од страна на граѓаните. (Фото: МИА)



2.Протестите на „Шарена револуција“ дадоа една нова димензија на протестирање и оставија физички белег врз објкетите во градот. (Фото: Ванчо Џамбаски).



3.Во април месец се случи и рекордно повлекување на девизи од банкиите поради политичката криза, при што граѓаните повлекоа рекордни 58,5 милиони евра.

4.Поплавите кои во август месец се случија во Македонија,однесоа 21 човечки живот. (Фото: МВР).

5. Изборите кои најпрво требаше да се случат, на пролет, па на лето, најпосле се случија на 11 декември.



6.На денот на изборите почина и кралицата на ромската музика Есма Реџепова.

7.Загадениот воздух е горлив проблем секоја зима, па така и оваа. Но протестите за чист воздух за првпат се случија годинава.(Фото: Мета)

8.Оваа година се постави прашањето и за губењето на статусот на Охрид за заштитено наследтво на УНЕСКО и да се најде на листата на загрозено светско наследство на УНЕСКО.



9.Македонија годинава беше погодена од серија земјотреси кои за среќа не беа силни и причинија минимална штета. Но, беа доволни да ги испаничат граѓаните, и некои од нив ноќите ги поминаа на отворено. (Фото: Фејсбук).

10.Мигрантската криза која што ја одбележа 2016 година во светот, беше обележје и за Македонија. Голем број на мигранти поминаа низ државата и беа згрижени во прифатните центри на Табановце и Гевегелија. (Фото: МИА).

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови