Воздухот во Скопје повторно многу загаден, најзагадено е во Карпош

По неколку дена чист воздух, денеска речиси сите мерни станици во Скопје покажуваат дека загадувањето е многу високо.

Апликацијата „Мој воздух“ покажува дека загаденоста во центар е 108 ПМ-10 честички што е двојно повеќе од дозволеното.

Во Карпош загаденоста на воздухот е 147, Лисиче 85, Ректорат 112.

За следните денови, метеоролозите најавуваат дожд и снег што влева надеж дека временските појави ќе ја исчистат нечистотијата.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови