Мареј: Ѓоковиќ ми е најголема закана во 2017 година

181 Views Јануари 2, 2017 Спорт Редакција Емагазин

Најдобриот тенисер на светот Енди Мареј изјави дека Новак Ѓоковиќ ќе му биде најголемата закана во 2017 година. Британецот во пресрет на турнирот „Катар Опен" во Доха, рече дека српскиот тенисер оваа година ќе му го отежнува животот на теренот.

- Кога станува збор за позицијата број еден, Новак ќе биде најголема закана, рече Мареј, пренесува АФП.

Најдобриот српски тенисер и светски рекет број 2, првиот дуел оваа година ќе го има утре на турнирот во Доха против Германецот Јан-Ленард Штруф.

Ривал на Мареј ќе биде францускиот тенисер Жереми Шарди.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

Најчитани вести