Попустите веќе започнаа: Што е најпаметно да купувате во јануари

1280 Views Јануари 3, 2017 Беспарица Камелија Делија

Распродажбите се присутни на крајот на годината, но во јануари традиционално има далеку поголеми намалувања на цените за одредени производи или услуги.

Еве некои од работите кои може да ги купуте по поволни цени и кои ќе ви бидат во корист не само следниот месец, туку и во текот на годината.

Зимска облека, обувки и додатоци
По поминувањето на новогодишните празници, делумните попусти, на кои се радувавме за зимските облека и обувки, се зголемуваат и достигнуваат до 70%. Јануари е најдобар месец да ги набавите овие стоки со можно пониски цени во текот на годината.

Имот
Јануари најверојатно е најдобар месец за реализирање на купување на имотот. Првичниот ентузијазам кај потрошувачите и кај продавачите на имот се далеку посклони на попусти и доближување на цената која ја бараат купувачите, а јануари е традиционално најслабиот пазар за промет на недвижности.

Таблети и паметни телефони
Оние кои не добиле нов smartphone или таблет пред Нова Година, најверојатно ќе можат да ги искористат предностите на подобри цени и понуди во првиот месец од годината. Традиционално водечките производители почнуваат со презентација на најнови модели на саемот за електроника во почетокот на јануари во Лас Вегас. Тоа значи намалување на цените на веќе “старите„ модели.

Божиќни и новогодишни стоки
Големите трговски синџири ќе се обидат да се ослободат од останатитата храна и производи поврзани со божиќните и новогодишните празници, затоа ќе ги понудат со сериозни попусти.

Мебел
Повеќето големи производители ги презентираат новите колекции во февруари и затоа имаат тенденција да се направат сериозни отстапки и да ги расчистат складиштата низ традиционално најслабиот за нив прв месец на годината.

Подароци за Свети Валентин
Со Божиќните и новогодишните празници исчезува потребата за купување на накит, часовниции и други додатоци, затоа продавачите почнуваат со сериозни попусти. Јануари е вистинско време да купите подарок за “љубениот” за претстојниот “Ден на вљубените”.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови