(Фото) Репортажа од манастирот Зрзе: Светилиште кое Бог го одредил за мир и спокој

Се вели дека оние кои еднаш веќе го посетиле Манастирот Зрзе, секогаш се враќаат повторно да го почуствуваат мирот, спокојот, природата и да си ги подредат мислите.


На 1.000 метри надморска височина, околу 169 километри од Скопје, или на 34 километри северозападно од Прилеп, во подножјето на планинскиот масив Даутица, се наоѓа средновековниот манастир Свето Преображение – Зрзе. 


Патот од Прилеп до Зрзе, води преку неколку села, а на крај долу под манастирот е селото Зрзе.

До пред две години, тој беше тешко преоден, а сега е целосно асфалтиран.


Уште на самиот влез во манастирот Ве пречекуваат монасите. Во Зрзе во моментов има 10 монаси, кои се грижат за него и гостопримливо ги пречекуваат посетителите.


Тие ни ја раскажаа историјата за манастирот Свето Преображение – Зрзе.

Накратко, во IX век, ова место за прв пат го населуваат монаси.

Во XIV век од монахот по име Герман била започната изградбата на манастирот Свето Преображение-Зрзе, кој бил изграден за време на владеењето на цар Душан. 


За ова и за подоцнежната судбина на манастирот од неговото настанување и во годините на продирањето на турскиот аскер на овие простори, сведочи натписот, поместен на надворешниот ѕид на јужниот влез од црквата.

Манастирскиот комплекс го чинат храмот посветен на Светото Преображение, храмот Свети Петар и Павле (изграден подоцна во XVII век), кулата на камбанаријата, монашките конаци, економски и други помошни згради.

Митрополитот пелагониски Јован и неговиот брат зрзејскиот перамохан Макари ги творат најзначајните деловите на зрзејската иконописна школа. Во почетокот на XXI век Зрзе по трет пат станува епископско седиште, овој пат на епископот Климент Хераклиски.


Прекрасната природа и пејзажите во дврот на манастирот Ви даваат чувство како да сте во друга димензија.


Жители во овој манастир се и неколку мачки кои исто како и монасите гостопримливо ги дочекуваат посетителите.


Доколу сте во можност и доколку досега не сте го псоетиле Манастирот Зрзе, овие неколку фотографии сигурно ќе Ве убедат да го направите тоа во новата година.

Фото:Манастир Зрзе - The Zrze Monastery

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови