Работат и живеат во сиромаштија

1463 Views Јануари 4, 2017 Беспарица Никола Осило

Стапката на сиромашни лица во Македонија, пресметана според препораките на Евростат, во 2013 година изнесувала 24,2%, во 2014 година 22,1%, додека во 2015 година 21,5% од лицата живеат под прагот на сиромаштија, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Сепак, и покрај статистичкото намалување на бројот на сиромашни лица изненадувачки е што податоците откриваат дека во земјава има луѓе што работат, а живеат во сиромаштија.

Имено, од сите вработени лица 8,9% се сиромашни, од сите невработени лица 39,7%, од сите пензионери 7,3% и од другите неактивни 26,7% се сиромашни.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!