Роберт Маршан на 105 години извози 22,5 км на велосипед за еден час

Роберт Маршан човек на 105 години, постави нов брзински рекорд на националниот велодром во Сан Кантан ен Ивлин. Речиси неверојатно, во неговата категорија тој за еден час извози 22,5 километри, јавува дописникот на МИА од Париз.

Пред три години Роберт Маршан, кога беше помлад - на 102 години, го надмина светскиот рекорд во брзина на велосипед во категоријата над 100 години. Стогодишникот помина 26,9 километри во еден час.

Тајната на Роберт Маршан е тоа што цел живот практикувал спорт, јадел многу овошје и зеленчук, не пиел многу кафе, пиел малку алкохол и не пушел.

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.