Антени на зградите се множат како печурки: Носат ли опасности зрачењата од мобилните оператори

1363 Views Јануари 5, 2017 Наша тема Никола Осило

Македонските граѓани и куќни совети веќе редовно почнаа да дозволуваат на нивните згради за релативно низок надомест од мобилните оператори да се поставуваат антени преку кои се пренесува комуникацијата.

Во јавноста подолг период трае дебатата дали и колку се штетни зрачењата од овие антени по човечкото здравје.

Откако ќе се анализираат распложливите податоци несомнено следува заклучокот дека граѓаните се своевидни лабораториски глувчиња во светот на модерната комуникација бидејќи и науката нема докрај расчистено до кој степен може човечкото тело да биде изложено на енергијата што ја рачат антените.

Елeктромагнетните бранови, според јачина на енергија и фреквенција, се делат на две категории: јонизирачки и нејонизирачки. Јонизирачките зрачења содржат доволно енергија за да ја променат структурата на атомот односно да избијат еден или повеќе електрони од неговата орбита и да создадат позитивен и негативен јон.

Нејонизирачките зрачења не содржат доволно енергија и доволно висока фреквенција за промена на структурата на атомите. Последиците од нејонизирачките зрачења се само термички и доколку настане тој ефект за многу кратко време, ефектот исчезнува и не остава трајни последици како јонизирачките зрачења.

Затоа, во услови на експанзија на современите телекомуникациони системи базирани на безжичен пренос, неопходно е сеопфатно да се согледаат биолошките ефекти на електромагнетното зрачење во РФ и микробраново фреквенциско подрачје и низ законска регулатива да се обезбедат соодветни мерки на заштита на сите категории на население.

Брзиот развој на безжични телекомуникациски системи и либерализација на телекомуникацискиот пазар доведоа до поставување на голем број на станици кои емитираат електромагнетни бранови од РФ и микробрановиот дел од радиоспектарот, како што се базни станици за системите за мобилна коминикација, примопредавателни станици за микробранови линкови(радиорелејни врски), радиодифузни предаватели итн.

Голем број од овие станици се поставен во рамките или во близина на населени места така да сите структури на население се изложени на РФ и микробраново зрачење.

Простирањето на електромагнетните бранови низ биолошките ткива се разликува од простирањето низ слободен простор.

Со оглед на јако нехомогениот состав на човечкиот организам, доаѓа до неуниформирана депозиција и дистрибуција на енергијата на електромагнетните полиња внатре во телото.

Поради тоа, најчесто, за опишување на распределбата на енергијата во телото се користи големина под името SAR(specific energy absorption rate)  која се изразува во W/kg и која ја каректеризира апсорпцијата на енергијата во ткивото.

Развиени се повеќе модели и методи за проценкана просторната распределба и средната вредност на SAR во човечкото тело.

Загревање на ткивото предизвикано од апсорпција на енерфија од РФ полиња(хипертермија) е значаен ефект, кој е недвосмислено докажан.

Благо зголемување на температурата на ткивото до одредена мерка може да се компензира со природнни терморегулациони механизми, но понатамошно  зголемување на температурата доведува до оштетување на ткивото.

Повеќето стандарди денес се базирани потребата од заштита од штетните термички ефекти до кои доаѓа при релативно кратка (акутни) изложеност на јаки РФ полиња.

Денешните стандарди за максимално дозволени нивоа на изложеност на РФ зрачења во поголем број од државите се базирани на елиминација на ризикот од термички ефекти, кои главно се врзани со акутно изложување на високи нивоа на апсорбирана енергија од електромагнетни полиња

За да се дојде до дефинитивни заклучоци за биолошките ефекти после долготрајна изложеност на зрачења од безжични системи потребни се мултидисциплинарни истражувања од стручни лица од областите на телекомуникации, електромагнетика, физика, биологија, медицина, заштита на човековата средина и слично, со заеднички напори и искуства од научни тимови од светот.

Од посебно значење се долгорочните епидемиолошки студии, со оглед на долгата евалуација на некои заболувања, пред се канцерогени.

Доколку науката ги објасни механизмите на нетермичките ефекти и недвосмислено докаже на причино-последичната врска на овие ефекти со појава на заболувања кај луѓето, стандардите за изложеност на зрачења ќе мора, секако, да се модифицираат во насока на понатамошно снижување на дозволените нивоа.

За населението најбитна е информацијата за густината на енергија со која е оптеретен нивниот простор, а тој зависи од карактеристиките на антените, нивната положба(висина и наклон), динамиката и нивоата на користење на базните станици и положбата на просторот(кој се истражува) во однос на антените.

Повеќе за досегашните мерења на нејонизирачко зрачење во Македонија ТУКА.

 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!