Најцитираната и најпродаваната книга „Повторно величествена - Како да ја поправиме нашата осакатена Америка” од г. Доналд Џ. Трамп, новоизбраниот претседател на САД, книгата што се чита во еден здив, можете да ја најдете ексклузивно и единствено на македонски јазик во издание на издавачката куќа „Арс студио.“
Најновото издание на „Повторно величествена ‒ Како да ја поправиме нашата осакатена Америка” од Трамп, што предизвика голем интерес во светот со неговите конкретни планови и идеи за САД, е една од најчитаните книги што се продава во милионски тиражи и, само по неколку месеци од нејзиното издавање во САД, веќе е достапна и на нашиот пазар преведена на македонски јазик.
„Арс студио“, основанo во 2000 година, ги има ексклузивните права за издавање на книгата „Повторно величествена ‒ Како да ја поправиме нашата осакатена Америка” на македонски јазик, која можете да ја купите единствено во нивната штанд-книжарница во Скопје Сити Мол, 2 кат.
Во штанд-книжарницата на издавачката куќа „Арс студио“ можете да најдете и најнови изданија на македонски јазик на литературни дела од врвни наградувани автори и стручна литература од областите филозофија, историја и психологија.