Ана Бунтеска е добитник на наградата „Македонска книжевна авангарда“

Поетесата Ана Бунтеска е добитник на наградата „Македонска книжевна авангарда“ која ја доделува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ од Скопје.

Таа е добитник на оваа награда за стихозбирката „Колку е потребно за среќа“ во издание на „Матица македонска“.

Ана Бунтеска (Скопје, 1972) дипломирала на Економскиот факултет во Скопје и работи во Македонската берза. Има објавено две книги поезија - „Стави лајк на сопствениот живот“ и „Колку е потребно за среќа“. Член е на Друштвото на писателите на Македонија.

Досегашни добитници на наградата „Македонска книжевна авангарда“ се: Елена Пренџова, Марина Мијаковска, Дејан Трајкоски и Стефан Марковски. 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови