Како пратениците за една година „исцицаа“ над милион евра од граѓаните

3390 Views Јануари 6, 2017 Наша тема Никола Осило

Иако Државниот завод за ревизија два пати во изминативе години односно во 2008 и во 2010 година препорачал да се намали надоместокот што го земаат пратениците во македонското Собрание за патни трошоци, повеќе различни парламентарни состави во овој период без разлика кој бил на власт, а кој во опозиција ги игнорираат ваквите препораки.

Државните ревизори во најновиот извештај за Собранието укажуваат дека поради тоа што расходите за патни трошоци зафаќаат голем дел од вкупните расходи на Собранието препорачале да се преиспитависината на надоместоците во насока на нивно намалување.

Согласно Законот за пратеници утврдено е дека по основ на лични примања и надоместоци на трошоци пратениците имаат право на надоместок за користење приватен автомобил за службени цели во висина од 30% од продажната цена на литар гориво, според изминат километар за возилото кое се користи.

За наведениот надоместок односно за присуство на седници и работни тела на пратениците во 2015 година им биле исплатени 74,6 милиони денари или околу 1,2 милиони евра.

„Ревизијата смета дека е потребно да се напарави анализа на ваквиот начин на пресметка на трошоците на пратениците за користење автомобили во лична сопственост за службени цели во однос на реалниот трошок и тоа за амортизација на возилото, патарини и други патни трошоци и доколку се констатираат значајни отстапувања да се преиспита вака утврденото законско решение“, пропорачуваат ревизорите во најновиот извештај за работата на Собранието.

Фото: МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!