Сите институции подготвени за снегот, ама стотици граѓани и возила заглавија по патиштата

Деновиве по најавите за снегот и поларниот студ имав чувство дека преставниците на институциите и општините ќе почнаат да ми излегуваат и од шолја и ќе ми кажат дека се подготвени за тоа што не чека. Кој ли не кажа дека е подготвен за невремето.

Арно ама, едно е да кажеш, друго е во реалноста.

Колку нашите институции и општини се навистина подготвени, се уверив од прва рака.

Синоќа од Гевгелија до Скопје со автобус патував речиси седум часа. Иако имаше најави дека во вечерните часови врнежите од снег ќе се зголемат, од Гевгелија до Скопје не видовме ниту еден рачистувач на снег или пак некој да фрла сол. Зборуваме за една од главните патни линии во земјата. Неможам да замислам што се случувало по споредните.

Со пцуење и бавно возење некако стигнавме до Велес, и таму заглавивме со стотиците камиони, цистерни и други возила. Да заглавиш на главниот пат со часови, од снег од неколку сантиметри, доволно кажува колку навистина државата е способна да се справи со вакви неприлики.

Иако во време кога секој сака да стигне дома за Бадник и Божик, патетично звучат повиците да не се патува, по се изгледа најпаметно ќе Ви биде да останете таму каде што сте, оти државата не ја бива.

Фото: Македонија пат

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

Најчитани вести