Македонија се пласираше на СП во Алжир

177 Views Јануари 6, 2017 Спорт Редакција Емагазин

Младата ракометна репрезентација на Македонија (У21) попладнево ја победи соодветната селекција на Турција со огромни 20 голови разлика и се пласираше на СП(У21) во Алжир, како прво пласирана во групата што се играше во Скопје завршувајќи пред Поругалија само поради подобрата гол разлика.

Нашите млади ракометари после вчерашниот кикс со Португалија денеска мораа да победат со најмалку 19 голови разлика и успеаја во намерата. Тие ја совладаа Турција со 39:19, полувреме 22:13.

Шилегов беше прв стрелец со десет гола, пред Талески со девет, додека на голот Даниловски имаше 13 успешни интервенции.

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

Најчитани вести