Колку и какви возила има Македонија пат за расчистување на снегот по патиштата

Работењето и капацитетот на јавното претпријатие Македонија пат, по врнежите од снег, повторно е во сфера на интерес на медиумите и јавноста.

Доминира мислењето дека оваа претпријатие и овој пат потфрлило во работењето, а во изјави за медиумите, дел од раководните лица од Македонија пат посочија дека им фалат возила и луѓе за поуспешно да се снајдат во справувањето со невремето.

Според податоците кои можат да се најдат на официјалната страна на Македонија пат, претпријатието располага со:

- 98 товарни возила опремени со снежен плуг и соларки

- 96 градежни машини

- 60 полутоварни возила

- 7 Мерцедес Унимази опремени со фреза за чистење на снег

- 1 ЗИЛ машина за чистење на снег.

На веб страната нема податок во каква состојба и колку се стари овие возила и колку од нив се во функција. Неофицијално дел од возилата на оваа претпријатие се стари и по 40 години и често се расипуваат.

Претпријатието по потреба ангажира и други приватни фирми. Годинава за одржување на патиштата има ангажирано три фирми.

Зимската служба на Македонија пат трае од 15 ноември до 15 март, кој рок се продолжува во зависност од временските услови. За службата се одговорни 37 зимски пунктови низ целата земја, од кои дел се во големите градови, а дел се по планинските превои.

Фото: Македонија пат

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Кои три приватни фирми ги ангажирала Македонија пат за одржување на патиштата

(ВИДЕО) Како го чистат снегот по патиштата во Русија

Сите институции подготвени за снегот, ама стотици граѓани и возила заглавија по патиштата

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови