Кои три приватни фирми ги ангажирала Македонија пат за одржување на патиштата

4239 Views Јануари 7, 2017 Бизнис Редакција Емагазин

За сезоната 2016/2017 година јавното претпријатие Македонија пат за чистење на патиштата ангажирало три приватни фирми.

Според Електронскиот систем за јавни набавки, договорите, вредни 1,5 милиони евра се склучени со Друштво за транспорт, трговија и услуги НБ-Транс компани ДОО Тетово, со Друштво за производство, трговија и услуги Перпарими Нухи Реџепи ДООЕЛ увоз-извоз с. Долно Строгомиште Зајас и со Друштво за превоз, производство, трговија и услуги Јоскатранс-Трејд ДООЕЛ увоз-извоз Демир Хисар.

Според податоци на Електронскиот систем за јавни набавки, во тек е и тендер на „Македонија пат“ вреден 1,1 милион евра за набавка на сопствена опрема за чистење на снег. Нема податоци како завршил

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Колку и какви возила има Македонија пат за расчистување на снегот по патиштата

(ВИДЕО) Како го чистат снегот по патиштата во Русија

Сите институции подготвени за снегот, ама стотици граѓани и возила заглавија по патиштата

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови