(ВИДЕО) Замрзна Јадранско море

1535 Views Јануари 8, 2017 Балкан Редакција Емагазин

Студениот бран последните неколку дена го зафати и брегот на Јадранско Море, пренесуваат хрватските медиуми. Во хрватскиот град Сплит температурата на воздухот вчера беше минус седум степени, што е најниска во последните 50 години.

Претходниот рекорд е од 23 јануари 1963 година, кога во Сплит се измерени минус девет степени.

Поради ниските температири и силните бури до полуостровот Свети Петар е замрзна и морето.

Во реонот пак на хрватското одморалиште Макарска три ден дуваше ветер со просечна брзина од 90 километри на час, а температурата се спушти до минус седум степени.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови