Исповед на струмичанка: Како Бадник го дочекавме на автобуската во Велес

Педесетина струмичани, биле помеѓу 200. граѓани од југоисточна Македонија, кои вечерта за Бадник заглавија на автобуската станица во Велес, пишува Струмица нет.

За порталот непријатното искуство го раскажува една струмичанка.

„На автобуската во Скопје беше општ хаос. Телефоните на автобуската беа исклучени и никако не можевме да дојдеме до информација дали и кога ќе има превоз за Струмица. Бидејќи претходната ноќ на 5. јануари сите линии беа откажани и чекавме до 22.30 часот, заради лошото време не известија дека превоз ќе нема, што беше можне коректно, бидејќи бевме свесни дека е ризик толку доцна да патуваме, па се вративме дома„, ракажува таа.

Утрото на 6. јануари повторно се вратиле на автобуската станица каде ги информирале дека автобус за Струмица ќе има во 14 часот, но дека нема карти, па следна можност им била во 16 часот. Но гледајќи ја ситуацијата, дека автобусот во 14 часот ќе тргне полупразен заради неиздадени карти, го замолиле возачот да ги прими, да не чекаат дополнително уште два часа.

„Првата станица, Велес ја поминавме без никаков проблем околу 15 часот. И продолживме кон Штип. Но на Велешко брдо униформирани лица од МВР го застанаа автобусот и со образложение дека има застој на патот поради снежните наноси не замолија да причекаме. После околу 30-тина минути чекање ни кажаа дека ќе мораме да се вратиме на автобуската станица во Велес и таму да чекаме. Се вративме во Велес и така започна нашиот Бадник. После пет часа смрзнување, без вода и храна (на Бадник вечер ништо не беше отворено), од АМСМ не информираа дека не се само снежните наноси проблем, туку и превртен камион кај Штип и има забрана на патот Штип-Радовиш„, раскажува струмичанката.

Меѓу заглавените имало и лица кои излегле од болница за да бидат со најблиските за празникот и родители со мали деца.

Дватта автобуси на „Струмица експрес“ се вратиле во Струмица наредниот ден околу 12 часот.

Извор/фото: Струмица нет

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови