Груевски за „Дневник“: Ќе се оби­дам да сос­та­вам вла­да, но не по се­ко­ја це­на

Ќе се оби­дам да сос­та­вам вла­да, но не по се­ко­ја це­на. Ако се оди по до­се­гаш­ни­те ус­та­но­ве­ни прин­ци­пи во Ма­ке­до­ни­ја, би тре­ба­ло да сос­та­вам вла­да. Ако се пре­кр­шат, сe е мож­но, ве­ли во ин­тер­вју­то за „Днев­ник“, ли­де­рот на ВМРО-ДПМНЕ, Ни­ко­ла Гру­ев­ски, по по­вод плат­фор­ма­та што ја об­ја­ви­ја ал­бан­ски­те пар­тии од Ма­ке­до­ни­ја, а чие ис­пол­ну­ва­ње е ус­лов за тие да ко­а­лци­ра­ат со ед­на од две­те ма­ке­дон­ски пар­тии во ид­ната вла­да.

Ви пренесуваме дел од интервјуто на „Дневник“, кое го правеше Дарко Јаневски:

По­ме­ѓу ал­бан­ски­те пар­тии се кре­и­ра за­ед­нич­ка плат­фор­ма за нас­тап. Се соз­да­ва ат­мос­фе­ра овој пат да не ко­а­лици­ра­ат со ВМРО-ДПМНЕ?

-Да, пов­тор­но таа ат­мос­фе­ра ка­ко и во ми­на­то­то и се­га се соз­да­ва од ме­ди­у­ми­те и ли­ца­та што во­дат или при­па­ѓа­ат или се со­ра­бот­ни­ци на НВО фи­нан­си­ра­ни од Ин­сти­ту­тот от­во­ре­но оп­ште­ство. Вме­шу­ва­ње­то на не­кои стран­ски по­ли­ти­ча­ри и дип­ло­ма­ти во при­каз­на­та е дел од ис­та­та опе­ра­ци­ја, во­де­на од еден цен­тар. Се­пак, од­лу­ка­та ќе би­де на­ша, на ДУИ и на дру­ги­те пар­тии, и ни­кој не­ма пра­во да ка­же де­ка не­кој друг му су­ге­ри­рал или му вр­шел при­ти­сок за­тоа што на кра­јот фи­нал­на­та од­лу­ка е на­ша.

Мно­гу ал­бан­ски по­ли­ти­ча­ри и ана­ли­ти­ча­ри твр­дат де­ка ал­бан­ски­от елек­то­рат по­са­ку­ва вла­да во­де­на од СДСМ со ал­бан­ски­те пар­тии.

– Во 2008 го­ди­на ма­ке­дон­ски­от елек­то­рат, осо­бе­но вмров­ски­от, не са­ка­ше ко­а­ли­ци­ја на ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ, па таа се слу­чи нај­мно­гу за­тоа што Ал­бан­ци­те во Ма­ке­до­ни­ја са­каа ДУИ да ги зас­та­пу­ва во вла­да­та.

Но овој пат и ал­бан­ски­те ме­ди­у­ми се на ист став…

-Да, ис­то ка­ко во 2008 кај ма­ке­дон­ски­те ме­ди­у­ми.

Ве­лат и членс­тво­то на ДУИ не са­ка ко­а­ли­ци­ја со ВМРО-ДПМНЕ.

-Не знам да­ли та­ка раз­мис­лу­ва членс­тво­то на ДУИ, но знам ка­ко раз­мис­лу­ва­ше членс­тво­то на ВМРО-ДПМНЕ во 2008, па до­не­ка­де и во 2011 и 2014. Се­пак, ВМРО-ДПМНЕ то­гаш се од­лу­чи да ко­а­ли­цира со ДУИ, за­тоа што бе­ше очиг­лед­но од из­бо­ри­те де­ка мно­зинс­тво­то гра­ѓа­ни Ал­бан­ци са­ка­ат ДУИ да е во вла­да­та.

Се­пак, ДУИ мо­же да до­не­се по­и­нак­ва од­лу­ка…

-ДУИ има пра­во да до­не­се как­ва са­ка од­лу­ка. Ис­то ка­ко и ние.

Целото интервју на „Дневник“, прочитајте го ОВДЕ.

Извор/фото: Дневник

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови