Албанските партии ги кажаа црвените линии, македонските молчат

Од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ се уште молчат за црвените линии кои албанските партии ги подвлекоа со соопштувањето на заедничката платформа, зад која застанаа ДУИ, БЕСА и „Алијансата за Албанците„.

Она што предизвика најмногу негативни реакции е барањето на албанските партии за редефинирање на Уставот и воведување на двојазичност на целата територија на Македонија, услов кој веројатно нема да го прифати ни една партија од македонскиот блок.

Во текот на изборната кампања и од ВМРО ДПМНЕ и од СДСМ беше посочено дека тие нема да прифатат двојазичност на целата територија на земјата и промена на Уставот, бидејќи албанскиот јазик е во употреба секаде во земјата, каде процентот на етничките Албанци е над 20%.

Од македонскиот блок до сега на платформата реагираа од Левица, од каде посочија дека платформата е провокативна и безпредметна и од Народно движење за Македонија, од каде велат дека Албанија и Косово со сеалбанска платформа и објавија војна на Македонија. 

Денеска се очекува претседателот Ѓорге Иванов мандатот за составување на влада на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, кој во интервју за Дневник, посочи дека нема да прави влада по секоја цена.

Доколку Груевски во следните 20 дена не успее да состави влада, мандатот треба да му биде даден на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој исто така на располагање ќе има 20 дена. 

Доколку и тој не успее, кризата дополнително ќе се продлабочи и ќе се оди на нови избори.

Во јавноста се уште се шпекулира и за можност за формирање на некаква форма на широка коалиција, која според одредени аналитичари би било идеално, зошто сите ќе се чуствуваат како победници, а истата би работела меѓу другото и на организирање на нови избори во следните месеци.

Фото: МИА

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

А зошто албанските партии не побараа попис и комисија за тендери?

Груевски за „Дневник“: Ќе се оби­дам да сос­та­вам вла­да, но не по се­ко­ја це­на

Сите детали: Објавена заедничката платформа на албанските партии за преговорите за нова влада

Левица: Заедничката платформа на албанските партии е провокативна и беспредметна

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови