Зошто Берово е најстудениот град во Македонија?

Берово без дилема е едно од најстудените места во земјава. Деновиве таму беа измерени и минус 28 степени Целзиусови, што сезонава за сега е најниска температура во земјава, но и меѓу најниските во регионов.

Откако се вршат мерења на температурата во Македонија, Берово го држи и рекордот за најниска некогаш измерена температура во Македонија.

На 27 јануари во 1954 година, во Берово е регистрирана температура од -31,5 степени.

Зошто во Берово е најстудено?

Берово има умерено-континентална клима и оваа област има значително пониска средна годишна температура на воздухот од подрачјата на иста надморска височина во поширокиот дел на Малишевската котлина.

Берово се наоѓа на надморска височина од 800 метри, средна годишна температура во земјава изнесува 11,1 степени , а во Берово 8,7 степени.

Најстуден месец е јануари со просечна температура од минус 10 степени, а најтопол месец е јули ,со просечна температура од плус 18 степени.

Просечната годишна минимална температура е 2,8 степени,а просечната максимална температура е 15,3 степени.

Најмногу врнежи има во месеците мај и јуни, како и во ноември, а најсушни се месеците август и септември.

Во просечната годишна сума на врнежи снегот зазема околу 15 % и се јавува од октомври до мај. Просечно, годишно има 42,2 дена под снежна покривка.

Просечната годишна сума на траење на сончевото зрачење изнесува 2.347 часа или 6,4 часа дневно, со максимум во јули од 10,2 часа дневно, и со минимум во декември од 3 часа дневно.

Во Беровската котлина маглата е ретка појава, годишно има само 8,4 магливи денови. Појавата на град е ретка, просечно се јавуваат 2,9 дена со град. Сланата е со помала зачестеност и се јавува 70 дена во годината, од септември до мај.

Во Беровската Котлина се јавуваат ветрови од сите осум светски правци, но преовладува северниот, со зачестеност од 147 % и брзина од 2,4 м /сек., кој е најмногу застапен во јануари, февруари и во март.

Користени материјали од Википедија

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови