Како да им помогнеме на птиците да го преживеат студеното време

830 Views Јануари 9, 2017 Живот Редакција Емагазин

Студеното време и снежната покривка го отежнуваат пронаоѓањето храна од страна на птиците и изборот е минимален. Птиците ќе можат да го преживеат студот и да се стоплат само ако се најадени. Во вакви временски услови - тие гладуваат, предупредуваат од Здружението за заштита на бувовите МОТ.

Оттаму советуваат да се направат хранилки за нив, да се закачат на терасите, дворовите, прозорците и на тој начин ќе им се помогне.

„Нанижете цели (сирови) кикирики на јаженце и изложете ги. Направете хранилка како црвената, тоа е онаа мрежа или вреќа за компири, во вреќичката ставете храна која ќе ги стопли и спаси птиците.Тоа е помасна храна. Нашата црвена хранилка содржи: сончоглед (сиров, нелупен), кикирики (сирови, непечени) и една лажичка истопена маст која на студеното ќе се стврдне, ќе ја држи храната во мрежичката компактна и што е најважно ќе ја зголеми хранливата моќ на содржината,“ се вели во апелот на Здружението.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови