(Фото) Што можеме да научиме од Истанбул за да ги заштититме животните на студот

Од Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ апелираат милениците кои се чуваат во надворешни услови да се соберат на топло, или пак они што ги врзуваат да ги отпуштат од ланците за да можат да се движат и да создадат енергија.

- Водите нон-стоп ќе им замрзнуваат - менувајте ги. Оние кои можете да соберете по некое маалско милениче, направете го тоа. Оние кои можете да вдомите од Вардариште за да не измрзнат во кафезите, отидете спасете живот. Ајде да се активира граѓанската солидарност, за да им помогнеме на сите миленичиња да ја преживеат ладната зима - велат од „Анима Мунди“.

Совет во зимски услови е доколку возите автомобил, пред вклучување на автомобилот проверете дали под возилото е скриена некоја бездомна мачка за да не ја повредите. Тие вообичаено сакаат да се кријат на суви места, и топли доколку моторот е неодамна изгасен.

-Покрај тоа, доколку имате можност, понудете им засолниште на бездомните животни во вашето маало со некоја поголема пластична кутија, со топли прекривки и алишта, како и со храна и свежа вода – додаваат од „Анима мунди“.

Викендов кога температурите беа 20 Целзиусови степени под нулата, на социјалните мрежи се појавија фотографии како на пример во Истанбул се згрижуваат животните, така што би можеле да научиме нешто од нив.

Таму имаа и кампања со апел за згрижување на животните кога времето е премногу студено.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови