Времето предизвикува чувство на општа слабост

Во вечерните часови се очекува честа појава на главоболка, болки во колената, на грбот и на вратот, се вели во биометеоролошката прогноза на УХМР.

Исто така зачестена е појавата на општа слабост, а кај некои можна е појава на чувство на тежина во главата. Во раните утрински часови, болките ќе бидат од ревматски крактер, но и оние со артритични промени ќе се подолготрајни.

Метеоролозите за вечерва предвидуваат снежни врнежи во источните и југоисточните делови каде што ќе бидат со слаб и умерен интензитет.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови