Тужби и казни за градоначалниците што не го исчистиле снегот од тротоарите

4487 Views Јануари 10, 2017 Македонија Камелија Делија

Како и секој година општините низ Македонија, а посебно во Скопје побрзаа да ги расчистат главните сообраќајници од снегот, но споредните улици и тротоарите по кои највеќе се движат граѓаните останаа неисчистени поради што болничките ординации се преполнија со граѓани кои се здобиле со скршеници откако излегле од дома. 

Во Законот за јавна чистота се пропишува дека општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје се должни да го исчистат снегот од јавните површини најдоцна во рок од 6 часа од почетокот на снежните врнежи.

Во истиот закон се пропишува дека во зимски услови при снежни врнежи сите сопственици, односно корисници на јавни објекти се должни веднаш да започнат со чистење на снегот на отворените простори пред јавните објекти, со што ќе се обезбеди непречен пристап до објектите.

Законот предвидува глоба во износ од 1 000 евра да му се изрече на правното лице сопственик, односно корисник на јавен објект ако не го исчисти снегот од отворениот простор пред јавниот објект.

Глоба во износ од 4 000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице ако не обезбеди редовно и квалитетно одржување на јавната чистота и чистење на снегот на јавни површини во зимски услови.

За овие прекршоци глоба во висина од 30 % од одмерената глоба за правното лице треба да му се изрече и на одговорното лице во правното лице.

Со оглед на тоа дека постои закон со кој се прецизира кој е одговорен за чистењето на јавните поврини од снегот, тоа значи дека граѓаните кои се повредиле поради неисчистен снег на место за кое е одговорно одредена општина можат да поднесат тужби со барање за отштета.

Фото: МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!