Се претвора ли енергетскиот гигант во партиско легло: Над 950 вработувања во ЕЛЕМ за десет години

2271 Views Јануари 10, 2017 Бизнис Камелија Делија

Откажувањето на еден од блоковите во РЕК Битола и интервентниот увоз на струја во услови кога не се користи хидропотенцијалот односно производството во хидроелектраните е паузирано, повторно го отвори прашањето дали некој преку оваа државна компанија сака да оствари профит на штета на државата.

Според последните расположливи финансиски податоци ЕЛЕМ работи со загуба. Во 2014 година компанијата имала вкупен приход во износ од 12,9 милјарди денари и вкупни расходи во износ од 13,5 милијарди денари. Загубата по оданочување изнесувала 874.742.000 денари.

Сепак, и покрај тоа што бележи загуба во работењето и речиси секоја година има потреба од увоз на струја наместо потребите да се задоволат од домашно производство, забележително е дека постојано расте бројот на вработени во оваа државна компанија.

Така, ако во 2006 година во ЕЛЕМ имало 3.800 вработени заклучно со 2015 година бројот на вработени се зголемил на 4.772 лица, што значи дека во изминатиов период во ЕЛЕМ се вработувале по речиси 100 луѓе годишно.

Неизбежно е прашањето дали ЕЛЕМ вистински имал потреба од толкав број нови вработувања или пак државната компанија се користи за партиски вработувања.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!