Стечај и се заканува на една од компаниите на Минчо Јорданов

5590 Views Јануари 10, 2017 Бизнис Камелија Делија

Централниот Регистар на Република Македонија постапувајќи по службена должност за упис на решение на Основен суд Велес за поведување на претходна постапка за испитување на условите за отворање на стечајна постапка над должникот друштво за производство и промет со земјоделски и сточарски производи „Вардар АД Градско“, донесе решение за поведување претходна постпка за испитување на условите за отворање на стечајна постапка над должникот „Вардар АД Градско“.

„Се закажува рочиште за испитување на условите за отварање на стечајна постапка на ден 02.02.2017 година во 10,00 часот, во судница бр.7, II кат на Основниот суд Велес. За привремен стечаен управник се именува лицето Димитар Аџиев од Штип.

Во претходната постапка над должникот до донесување на одлука по предлогот за отворање на стечајна постапка се определуваат мерки за обезбедување: општа забрана за располагање со имотот на должникот, забрана за одредување или спроведување на присилното извршување или обезбедување против должникот, се забрануваат исплати од сметката на должникот и се задолжува привремениот стечаен управник:

-да го заштити имотот на должникот со сите соодветни средства,

-да дава согласност на органите на управување на должникот за водење на работењето се до донесувањето на одлука за отварање на стечајна постапка со цел да се избегне значително намалувањето на имотот,

-да се испита дали должникот има имот над кој може да се отвори и е доволен за спроведување на стечајната постапка и намирување на трошоците на стечајната постапка и побарувањата на доверителите“, се вели во објавата на Централен регистар.

Истовремено се повикуваат должниците на должникот своите обврски и должниковите солидарни содолжници и гаранти без одлагање да ги исполнат своите обврски кон должникот.

Се задолжува должникот да му овозможи на привремениот стечаен управник да влезе во неговите деловни простории за да може да ги спроведе потребните дејствија, како и да му допушти увид во трговските книги и неговата деловна документација.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!