Лани се намалиле трошоците за храна и пијалоци, а се зголемиле за транспорт и облека

308 Views Јануари 10, 2017 Беспарица Камелија Делија

Во 2016 година, во однос на 2015 година, трошоците на животот и цените на мало  бележат намалување од 0.2%, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика.

Движењето на индексот на трошоците на животот во 2016 година беше различно по одделни групи на потрошувачка.

Намалување на трошоците за живот е забележано во групите: Храна и безалкохолни пијалаци и Здравје за 0.4%, Алкохолни  пијалаци, тутун и наркотици за 0.2% и Мебел, покуќнина и одржување на покуќнината за 0.1%.

Пораст на трошоците за живот лан мало кај во групите: Рекреација и култура за 1.2%, Транспорт за 0.5%, Облека и обувки  и Останати стоки и услуги за 0.2% и Ресторани и хотели за 0.1%.

На ниво од претходната година се групите: Домување, вода, електрика, гас и други горива, Комуникации и Образование.

Движењето на цените на мало во 2016 година, исто така, беше различно по одделни групи на  производи.

Намалување цените на мало е забележано во групите: Земјоделски производи за 0.8%, Услуги за 0.3% и Пијалаци  за 0.2%.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!