Денеска снег и температури до -20, пораст на температурата од петок

146 Views Јануари 10, 2017 Локално Камелија Делија

Променливо облачно и студено со повремени слаби локални врнежи од снег, а во источните делови облачно со врнежи од снег со умерен интензитет. Ќе дува умерен северен ветер.

Утринските температури ќе се движат од -20 до -6 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од -10 до -3 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура од -14 и дневна до -6 степени.

До четврток ќе се задржи многу студено со благ пораст на дневната температура, а позначителен пораст на температурата ќе има од петок. Нови врнежи од дожд и снег се очекуваат во петок попладне и во сабота претпладне.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!